Советот за радиодифузија нема да и ја одземе дозволата за вршење на радиодифузна дејност на А1 телевизија, доколку медиумот прогласи стечај.

Според претседателот на СРД, Зоран Стефановски дозволата на компанијата нема да и се одземе ако се прогласи стечајна постапка, туку ако дојде до ликвидација на медиумот.
 
Ако дојде до ликвидација на телевизијата односно на медиумот против кого се води стечајната постапка, автоматски доаѓа до ликвидација на субјектот кој што е носител на дозволата. СРД му ја одзема дозволата за вршење на радиодифузна дејност бидејќи не постои субјект, носител на таа дозвола по самиот процес на ликвидација“ објасни Стефановски.
 
Точката да се расправа за ситуацијата со А1 телевизија не беше ставена на дневен ред на седницата, ова е став на СРД по консултација со правните служби. Советот има обврска да ги провери ненаплатените побарувања на телевизијата и извештајот да го достави до стечајниот управник.

OhridNews