Советот за радиодифузија со препорака до електронските медиуми да ги усогласат програмските содржини со Денот на жалост кој е прогласен по повод смртта на првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров.

–   Пожелно е да не се емитуваат содржини од забавен карактер: ток-шоу, хумористични содржини, преноси од спортски натпревари, интерактивни игри, игри на среќа, квизови, несоодветна музика и слично. Воедно, доколку е можно, препорачуваме да се емитува пристојно меморијално портретирање на починатиот претседател, стои во соопштението од СРД.

OhridNews