Сребрениот медал кој го освои кинеската спортистка Хи Зи во скок во вода од три метри има златен сјај, откако неговиот дечко Кин Каи на пиедесталот ја побара за сопруга.


На задоволство од целата публика Хи Зи ја прифати понудата и додаде дополнителен шмек на Олимписките игри кои секогаш нудат неверојатни и чудни приказни.

– Не знаев дека ќе ме побара за сопруга. Не очекував дека ќе се мажам толку рано – изјави Зи по прифаќањето на понудата за брак.


Дел од светските медиуми го осудија овој потег на Кин Каи, со пишување дека бил премногу сексистички.

OhridNews