Името на Македонија ќе биде запишано како една од земјите освојувачи на медали на Олимписките игри во Токио, благодарание на таеквондистот Дејан Георгиевски, кој се закити со сребрено одличје, во апсолутната категорија над 80 килограми.

Георгиевски до финалето беше бескомпромисен, победувајќи ги противниците на доминантен начин. Прв кој го осети македонскиот квалитет на своја кожа беше светскиот првак кој беше решен брзопотезно. Потоа, следуваа борби со Кубане од Брегот на Слоновата Коска и Кореецот Ин Ки Дон, кои Георгиевски ги реши во своја корист. Георгиевски во финалето налета на најдобриот таеквондист Владислав Ларин кој до финалето имаше загубено само три поени. Георгиевски му пружи солиден отпор, но загуби со 15-9.

Сребрениот медал за македонскиот спорт е со златен сјај, бидејќи доаѓа од спортист кој учество на Олимписките игри во Токио обезбеди со исполнета А норма. Таеквондисот од скопскот клуб Бутел кој има само 22 години допрва треба да ја радува Македонија и носи големи успеси од боречките спортови.

Со освојувањето на сребрениот медал, Георгиевски, го прекина дведецинискиот пост на македонските спортисти на Олимписките игри. Последен кој освоил медал е борецот Мохамед Ибрагимов, кој финишираше на третото место на пиедесталот на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година.

Мх.П.

Русинот Ларин на тронот, сребрен медал за Дејан Георгиевски на Олимписките игри!