Вчера, во 13:43 часот, во ОВР Струга било пријавено дека пред угостителски објект во Струга, две лица со остри предмети нападнале жител на струшкото село Велешта, нанесувајќи му убодни рани по телото.
Тој, веднаш бил префрлен во Општата болница во Струга за укажување на медицинска помош. Увид на местото на извршиле јавен обвинител и полициски екипи и по целосно расчистување на настанот, против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.
OhridNews
Фото: Илустрација