Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците на РМ 26-ти септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур е неработен ден за припадниците на еврејската заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на еврејската заедница во Република Македонија им го честита Јом Кипур.
Министерството уште информира дека 28-ти септември 2012 година
(петок), Меѓународниот ден на Бошњаците, е неработен ден за припадниците
на бошњачката заедница во Република Македонија.
Истовремено,
Министерството за труд и социјална политика на припадниците на
бошњачката заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот
ден на Бошњаците.