Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денес, во летната резиденција во Охрид, ќе го прими Заменикот помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави, Филип Рикер.
Рикер, кој доаѓа во посета на Република Македонија на покана на претседателот Иванов, вечер, ќе се обрати на официјалното отворање на Школата за млади лидери, која традиционално се одржува во Охрид.