Еврокомесарот за проширување Штефан Филе,денес, во Њујорк ќе има средба со посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц.

Средбата доаѓа десетина дена по последната посета на Нимиц на Атина и Скопје, и најавите дека иако во моментот страните се далеку од договор, сепак разговорите ќе продолжат, доколку постои подготвеност кај двете страни.

Детали за средбата не се соопштуваат. Неофицијалните информации се дека намерата е е да согледа каква е ситуацијата во пресрет на извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, што ќе биде објавен во средината на октомври и во кој се очекува земјата да добие позитивна препорака за старт на преговорите со Унијата.

OhridNews

извор:Макфакс