На барање на Амбасадорот на Косово, Скендер Дурмиши, денеска се одржа средба со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески на која се разговараше за интензивирање на меѓусебната соработка.

Амбасадорот Дурмиши истакна дека голем број косовски граѓани во летниот период доаѓаат да се одморат во Охрид, па затоа смета дека е потребно преку меѓусебна соработка да се придонесе кон заживување  на меѓусебните односи и интензивирање на соработката.


Градоначалникот Александар Петрески,  го информираше Амбасадорот  за актуелните состојби во општината, за активностите и ангажираноста на Локалната самоуправа во овој период  како и за идните планови и приоритети во развојот на Охрид особено во областа на туризмот, образованието, културата и спортот.

На крајот на средбата  Градоначалникот Петрески и Амбасадорот Дурмиши констатираа дека во рамките на соработката помеѓу Македонија и Косово има големи можности за конкретна соработка со Охрид.

Ohridnews