При крај се подготовките за започнување на акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на Општина Охрид, опфатени во регистарот кој беше изготвен според препораките од состанокот на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО, информираат од локалната самоуправа.

За поефикасна координација на акцијата денеска се одржа средба на Градоначалнкот Константин Георгиески со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот без ресор Едмонд Адеми и нивните соработници.

“Според динамичниот план паралелно ќе се рушат дивоградбите кој што се во тек и оние опфатени со регистарот на дивоизградени објекти во охридското подрачје. На почетокот, ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки. Акцентот ќе биде ставен на активните дивоградби и објектите во активната зона на НП „Галичица“ и крајбрежјето, беше заклучено на средбата.

На средбата беше изразена согласност, активностите на Општина Охрид во справувањето со нелегално изградените објекти дека ќе бидат поддржани од надлежните државни институции, а се ќе се одвива со постојана меѓусебна координација.

OhridNews