Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Кралството Норвешка, генерал Еирик Кристоферсен, кој од вчера е во дводневна официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија, денеска во Охрид ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Тема на официјалните разговори, покрај билатералната соработка, ќе бидат и активностите во процесот на трансформација на Армијата, нашиот придонес во мисиите и активностите на НАТО надвор од земјата, како и капацитетите и можностите за изведување на вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“, се наведува во соопштението.
За време на посетата, на генералот Кристоферсен од страна на генералот Ѓурчиновски ќе му биде доделено армиското признание „Златна значка на Армијата“ во знак на благодарност за досегашната помош и поддршка, меѓу кои е и последната донација составена од 76 моторни возила.
OhridNews












