Средба на Сиљановска Давкова со командантот на Националната гарда на Вермонт и заменик-амбасадорката на САД
19.08.24 13:06
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид ги прими генерал-мајор Грегори Најт, командант на Националната гарда на Вермонт и заменик-амбасадорката на САД, Никол Варнс, со кои разговарала за севкупната соработка на нашата држава со Националната гарда на Вермонт, како важен дел од стратешкото партнерство со САД и континуирана поддршка што САД од почетокот на независноста ја дава за евроатлантските интеграции на нашата држава, нејзиниот демократски развој, безбедност и стабилност.
Како што информираат од нејзиниот кабинет, претседателката Сиљановска Давкова изразила благодарност за поддршката на проектите за модернизација и опремување на Армијата и ја истакнала важната улога што Националната гарда на Вермонт ја имала за исполнување на стандардите на НАТО и влезот на државата во Алијансата.
Претседателката Сиљановска Давкова ги поздрави намерите за натамошно проширување на соработката со Националната гарда на Вермонт за јакнење на нашите капацитети во одбраната и безбедноста, се вели во дененшното соопштение.
На средбата се разговарало за соработката во рамки на НАТО алијансата и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија на Украина. Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмирала посветеноста на државата да придонесува, согласно можностите и капацитетите во справувањето со заедничките закани.
Во присуство на голем број членови на Српското друштво „Коштана“ и гости, меѓу нив и почесниот конзул на Република Србија во Република Македонија со седиште во Охрид, м-р Михајло Филев и градоначал...
Италијанската кујна деновиве ги обедини љубителите на добрата храна во ресторанот (летна бавча) „Канео“ во Охрид, препознатлив по уникатниот стил и понуда Изминатите два дена гостин во креативната ...
Општина Охрид ќе постапи согласно дадените препораки од Државниот завод за ревизија во врска со извештајот изготвен врз основа на ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласен...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.