Протоколарна средба, денес оствари градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков со неговиот колега, градоначалникот на општината Ракалмунто, Винченцо Маниглиа, информираат од Општина Охрид.

На средбата градоначалниците разговараа за воспоставување на соработка во повеќе области. Бидејќи и двата градови изобилуваат со културно – историски знаменитости се отвораат можности за соработка во областа на зачувување и нивно промовирање, додаваат во соопштението.

Соговорниците, се вели во соопштението, разговарале и за предизвиците со кои Охрид се соочува во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и за ЕРАЗМУС + програмата и за размена на искуства.

OhridNews