Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, која беше во прва официјална посета на Охрид. На средбата присуствуваше и Деспина Ипиоти, конзул на Република Грција во Битола.
Градоначалникот Пецаков ја запозна амбасадорката Филипиду со актуелните проекти на кои работи Општина Охрид за заштита на животната средина и Охридското Езеро, во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО. Беше разговарано за актуелниот проект за отворање на Регионалната депонија која ќе го опфати Охридскиот и Пелагонискиот регион, информираат од Општина Охрид.

OhridNews












