Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, која беше во прва официјална посета на Општина Охрид.

На средбата се разговараше за можностите за искористување на европските и претпристапните фондови, со акцент на поддршката која овие програми ја овозможуваат за развојот на локалните заедници. Исто така беше разговарано за можностите за искористување на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД, информираат од Општина Охрид.

На состанокот беше потенцирано дека е потребно унапредување на соработката меѓу локалната и централната власт во насока на поголемо искористување на меѓународните фондови кои се достапни на општините, додаваат од Општина Охрид.
Во рамки на посетата, градоначаникот и заменик министерката ја посетија Инклузивната игротека за лица со церебрална парализа и Здружението на граѓани ВООПС, простор опремен со средства обезбедени преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

OhridNews











