
Во рамки на средбата предвидено е предавање на тема: „Книжевноста и книгата денес“. Присутните ќе имаат можност да постават прашања или да поведат дискусија на посочената тема.
Емир Соколовиќ (Зеница, 1961) е писател, драматург и поет. Дебитирал со „Каде и зошто“ – двојазична збирка поезија, во 1983 година во Италија. Други негови дела се: „Тогаш беше трска“ (поезија, 1998), „Парис – или залудно е да се распнува Христос“ (драма, 1999), „Ослободувањето“ (роман, 2003) и „Лесно е да се јуриша кон небото што молчи…“ (поезија, 2011).
Соколовиќ и припаѓа на групата писатели кои творат во книжевниот правец наречен постјугословенски магичен реализам.
OhridNews











