рна Македонија, Зоран Заев влера остварил средба со поранешниот Претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, кој е член на Подгоричкиот клуб на поранешни претседатели на држави и шефови на влади на земјите од регионот.
За време на средбата, поранешниот Претседател на државата Црвенковски го информирал премиерот Заев за иницијативата Подгоричкиот клуб да организира регионална конференција во Скопје на тема „Проширувањето на ЕУ на крстопат“ на почетокот на јуни оваа година.
Целта на оваа конференција, како што истакнал на средбата Црвенковски, е да се поттикне и обезбеди поддршката за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со декларација која од конференцијата ќе им биде испратена на лидерите на Европската Унија со укажување на негативните последици на национално и регионално ниво што би произлегло од евентуалното одлагање на овој процес.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија ја прифатил поканата да ја поддржи конференцијата и да биде домаќин на прием што по тој повод ќе биде одржан за учесниците на настанот, соопшти Владата.
OhridNews