На покана на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, синоќа во Кабинетот на претседателот, се одржала средба на која присуствувале Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тема на разговор беше актуелните случувања. Се разговарало за можни решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните. Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија. – соопшти кабинетот на претсесателот Иванов.

Присутните на средбата се согласиле разговорите да продолжат и во иднина.

OhridNews