Млад жител на Мурсија се најде во центарот на сите светски медиуми откако исплива еден километар, а при тоа го загуби телефонот за да се сретне со Лионел Меси кој престојува со својата јахта на Ибица.
Сигурно, момчето нема многу да тагува поради загубениот телефон бидејќи Меси како голем човек го поканил на јахтата.
– Тоа ми беше околу еден километар пливање. Сакав да стигнам до фотографија со Меси. Тој ме повика да се качам на неговата јахта, ми понуди сок и малку разговаравме. Тоа е неверојатно искуство за мене. Останав без телефон, но добив фотографија со Меси. – рече момчето.
Инаку, младото момче на Меси му признал дека навива за Атлетико Мадрид кој е еден од двата големи ривали на Барселона.
OhridNews