Италијанскиот репрезентативец во редовите на Ливерпул, Марио Балотели немаше некој забележителен ефект против Манчестер Јунајтед на Енфилд, но тој сепак на теренот се скара со навивачите на гостинскиот состав.
Фановите на Јунајтед го провоцирале Балотели со песна „Отпадокот на Сити, отпадокот на Сити“, а тој им возвратил со фотографија и среден прст.
Дербито покрај контроверзниот напаѓач го одбележа Стивен Џерард, кој заработи црвен картон по само 45 секунди игра во вториот дел.
Мх.П.