Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2023 година. Денес во тек е средношколката крводарителска акција каде ќе се вклучени учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Ги покануваме сите хумани средношколци да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот. Секоја капка е важна, порачуваат од ОО Црвен крст Охрид.

Крводарителската акција е до 12 часот во Служба за трансфузиона медицина.

OhridNews