По предвидениот план за крводарителски акции на општинскиот Црвен крст, во просториите на Заводот за трансфузиологија се реализира крводарителска акција со средношколците кои наполниле 18 години од гимназиската насока при ОСУ,,Св.Климент Охридски“.

Средношколците ја покажаа својата хуманост и во голем број даруваа од скапоцената течност , при што беа собрани 71 единица крв.


Од страна на волонтерите на Црвениот крст претходно беа организирани и мотивирачки работилници на кои се говореше околу дарувањето на крв.


На 1- ви март е предвидено да се одржи уште една крводарителска акција со учениците од економската насока.

Секој  здрав човек од 18 – 65 год. возраст по претходни извршени лекарски прегледи , доброволно може да стане крводарител. При крводарување нема опасност од пренос на заразни болести по крводарителот.

Потребно е околу 3% од населението да дарува крв за да има доволни количини за лекување на болните и повредените.
Со ваша помош  ќе може да ја реализираме нашата хумана мисија и да ја исполниме нашата задача- во прв момент со доволни количини на крв, да обезбедиме лечење на болните и повредените, велат од Црвениот крст.

OhridNews