Трибина на тема „Сексуално преносливи болести и контрацепција“ се одржа вчера во ОУТУ „Ванчо Питошески“.
Предавањето кое се реализира во соработка со Центарот за јавно здравје Охрид, ги опфати учениците од сите класови од четирите години на образование. Притоа беше укажано дека во постојан пораст се болестите кои се пренесуваат преку сексуален однос.
„Учениците беа запознаени со видовите сексуално преносливи болести, нивните симптоми, како и со превентивните мерки за заштита. На учениците, здравствените работници им препорачаа безбеден секс, со употреба на презервативи, како најдостапен начин за намалување на ризикот од добивање на овие болести.“ – информираат од училиштето.
Како што велат од ОУТУ „Ванчо Питошески“, учениците и понатаму ќе продолжат да се едуцираат на оваа тема во рамките на класните часови.
OhridNews