По повод Светскиот ден на бубрежните болести, во просториите на охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ се одржа предавање на тема „Децата и бубрежните болести-дејствувај на време за да ги спречиш“. За бубрежните болести, нивното спречување, рано откривање, превенција и соодветен третман, средношколците беа запознаени од страна на познатиот специјалист уролог д- р Горан Балевски.
При тоа, учениците беа запознаени и со изгледот, функцијата, градбата и значењето на бубрезите, како и со трансплантацијата и донирањето на органи. Предавањето се одржа со цел зголемување на свеста на младите за заштита од бубрежните заболувања. Советите кои ги добија се: да бидат физички активни, да јадат здрава храна, да го контролираат крвниот притисок и телесната тежина, да пијат доволно вода, да не пушат и не земаат лекови без совет од лекар.
Здружението на бубрежни болни граѓани НЕФРОН преку свои активисти обезбеди и пригодни репрезентативни материјали за активноста.
OhridNews