Во овие моменти кога е потребна поддршка и заедништво, Општина Охрид се приклучува кон хуманитарната акција за помош на малата Ева.
За таа цел, 150.000 денари од средствата обезбедени преку хуманитарните паркинзи на ЈП „Билјанини извори“ ќе бидат наменети за оваа хуманитарна цел. Веруваме дека со заедничка поддршка и обединети можеме да дадеме помош каде што е најпотребна! Да покажеме уште еднаш дека хуманоста е наша заедничка вредност, велат од Општина Охрид.
Од донацискиот сервис ecrowd.mk информираат дека извршена е првата уплата за лекувањето на Ева, поради сериозноста и итноста од третман.
Со оглед на потребата од значителни финансиски средства потребни да се заокружи лекувањето, кампањата останува отворена. Истата можете да ја поддржите со клик на линкот.
На 10-годишната Ева и е дијагностициран остеосарком, редок и агресивен малиген карцином на коските. Ваквата дијагноза не може да се лекува во Македонија.
Туморот е класифициран како високо степен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри. Ева веќе е примена во специјализирана клиника во Минхен, каде ја очекува тежок и долг третман: интензивна хемотерапија, операција и повторна хемотерапија.
Лекувањето на Ева чини 15,5 милиони денари. Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Секој придонес значи чекор поблиску до нејзиното оздравување. Секоја споделена порака значи надеж повеќе.
OhridNews












