Општина Охрид ќе ги донира средствата од хуманитарните паркинзи за нашиот сограѓанин Ивица Попоски кој се бори со тешка хронична болест на бубрезите (стадиум 5) и оди на хемодијализа од 2016 год. Поради итна операција и лекување во Турција, потребна му е финансиска помош за да може да ја подобри својата здравствена состојба.
Секогаш сме тука да подадеме рака таму каде што е најпотребно. За таа цел средствата собрани од хуманитарните паркинзи во износ од 150.000 денари ги донираме на нашиот сограѓанин Ивица Попоски кој во моментов води една од најтешките битки, велат од Општина Охрид.
Воедно посочуваат дека средствата кои се собрани од турнирот „Ohrid FREED 2025“ кој беше во организација на ЈП „Билјанини Извори“ се доделуваат 50.000 денари на Здружение за воспитно образовна психо-социјална поддршка ВОПС Охрид и 50.000 денари на Здружение на лица со дијабет Тип 1.
Веруваме дека овие донации ќе помогнат во реализацијата на нивните благородни мисии. Продолжуваме со поддршка на сите оние кои работат за подобро утре, додаваат од Општина Охрид.
OhridNews













