Тешката повреда на македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски го спречила да биде примарна цел на Реал Мадрид во зимскиот преоден рок. Тренерот на “кралевите“, Жозе Мурињо во живо го следеше натпреварот на “Максимир“ Хрватска – Македонија во рамките од квалификациите за мундијалот во Бразил, каде што го “пикирал“ Македонскиот дефанзивец.


Георгиевски со одличните игри во дресот на Македонија и романската Стеуа привлече огромно внимание. Среќата му го сврте грбот заработи скршеница на ногата и ќе паузира најмалку четири месеци. Враќањето на Георгиевски на зелените терени се очекува во месец март.

Информациите за интересот на “специјалниот“ за услугите на Георгиевски ја лиферуваа романските медиуми кои потенцираат дека Македонец знаел и истакнал дела тоа би било трансфер од соништата.

Мх.П.