Седмата носителка на АТП листата, Ана Ивановиќ претрпе пораз и елиминација во два сетови (6-3, 6-4) од Американката, Бетан Макте Сендс.
На српската тенисерка не и помогна ниту среќата во љубовта. Од неоадамна една од најубавите тенисерки е во врска со капитенот на германската селекција Бастијан Швајнштајгер.
158-та носителка во својата 16-годишна кариера нема освоено ниту еден трофеј во сингл конкуренција, а елиминацијата на Ивановиќ е најголем подвиг.
Најголем успех на идната германска снаа во десетгодишната кариера на Вимболдон е пласман во полуфиналето 2007 година, кога од Венус Вилијамс претрпе пораз во два сетови.
Мх.П.