Охридскиот женски фудбалски клуб “Билјанини Извори“ преку пенал рулетот ја совлада Победа и обезбеди пласман во понамоташната фаза од Купот на Македонија.

Регуларниот дел од натпреварот заврши без победник 2-2, а охриѓанки испуштија водство од два погодоци.

Резултатот го отвори Џенета Шабани во 5-та минута, на 2-0 зголеми Накшије Кривањева додека прилепчанки за само шест минути со головите на Стојаноска Јасмина и Бошеска Ане ја анулираа предноста на “сините“.

Во пенал серијата охриѓанки беа поприсебни, попрецизни и успеаја да триумфираат со 4-2 и да се пласираат во следната фаза од Купот.

Мх.П.