Шест години компанијата Kelepur.mk, заедно со корисниците од охридско – струшкиот и битолскиот регион успешно ја гради својата приказна.

Наметнувајќи современ начин на купување кај нас, Kelepur.mk за сиот овој период направи револуција во online купувањето. Понудените производи и услуги се со ексклузивни попусти дури до 90% и се од повеќе категории меѓу кои убавина и здравје, храна и пијалаци, спорт и рекреација, забава и многу други.

За овие шест години успешно работење, компанијата успеа да обезбеди околу 11.000 свој корисници, над 22.000 facebook фанови, да продаде над 49.000 купони и да понуди над 2800 најразлични производи и услуги.!

Бидете и понатаму пријатели на Kelepur.mk затоа што заедничките успеси значат задоволни трговци и корисници, порачуваат од компанијата.

OhridNews