Манчестер Јунајтед на гостувањето на „Викариџ Роуд“ освои значајни три бодови во борбата за титулата победувајќи го домаќинот со 2-1.
До триумфот „црвените ѓаволи“ стигнаа со автоголот на Динеј по ударот на Швајнштајгер кон голот во судиското продолжение.
Претходно, Јунајтед со голот на Депај во 11-та минута поведе со 1-0, а Динеј од пенал изедначи во 87-та минута од натпреварот.
Со трите бодови фудбалерите на Олд Трафорд се искачија на врвот од табелата, но Лестер, Мен Сити и Арсенал имаат по меч помалку.
Мх.П.











