Екипата на Рома среќно стигна до трите бодови против Сасуоло победувајќи со 2-0 во првиот меч од 23-та рунда во Серија А.
„Волчицата“ поведе со 1-0 во првиот дел со погодокот на Мухамед Салах, а вистинските возбудувања се случуваа во финишот од мечот.
Белгиецот Раџа Нанголанан направи пенал и заработи црвен картон. Берарди имаше шанса да донесе реми, но го промаши пеналот, а во контра напад Ел Шарави го потврди триумфот.
Со трите бодови фудбалерите на Рома се пробија на четвртата позиција, но Интер кој падна на петтата позиција има натпревар помалку.
OhridNews











