Бранителот на трофејот на 12-то издание на Копа Америка селекцијата на Уругвај во последната рунда со ремито против Парагвај 1-1 го осигура пласманот во елиминациската фаза.


Уругвај во четвртфиналето пласман обезбеди како третотпласирана селекција во групата после Парагвај и репрезентатицијата на Аргентина.


„Гаучосите“ првото место во групата го заверија со минимален триумф над Јамајка со 1-0. Стрелец на голот беше Гонзало Игуаин во првиот дел.


Претходно пласман во нокаут натпреварите обезбедија селекциите на Чиле и Боливија од А групата.

Резултати :

Група Б : Уругвај – Парагвај 1-1, Аргентина – Јамајка 1-0.

Табела : Аргентина 7, Парагвај 5, Уругвај 4, Јамајка 0.

Мх.П.