Украинскиот Шахјтор и германскиот гигант Баерн Минхен ремизираа без голови 0-0 во првиот осминафинален натпревар. Домаќините имаа шанса откако во 65-та минута „баварците“ останаа со фудбалер помалку, но не ја искористија.


– Сакавме да погодиме и да победиме, но не рескиравме премногу кога нашиот противник остана со фудбалер помалку. Во Минхен имаме пак прилика да се сретниме, но тоа таму е веќе друга приказна. Сигурен сум дека ќе одиграме добро и таму, а треба да биде сите на високо ниво за да извлечеме поволен резултат. – рече капитенот на Шахјтор, Дарио Срна.

Во не така богатиот меч гостите имаа два удари во оквирот на голот додека домаќините само еден, а натпреварот го одбележа Чаби Алонсо, кој заработи црвен картон на јубилејниот 100-ти настап во ЛШ.

Ohridnews