На 27 јануари, српската заедница во Охрид ќе го одбележи празникот Св. Сава, национален празник на Србите во Македонија.

По тој повод, во организација на Друштвото „Коштана“ од Охрид и почесниот конзул на Република Србија во Охрид, Михајло Филев, во ресторанот „Белведере“ во Охрид ќе се одржи свеченост на која е предвидена и богата културна програма.

Настанот на кој покрај членови на друштвото и пријатели, се поканети и официјални гости, претстставницина институции и локалната самоуправа, ќе почне во 13 часот.

Г.М.