Членовите на Здружението на Србите од Охрид „ Коштана“ попладнево, со пригодна свеченост во ресторанот „ Белведере“, го прославија празникот Свети Сава.

Традиционално се вртеше погача, се делеше варена пченица и се пееја познати српски рефрени. Неизоставен дел од прославата беше и богатата трпеза, на која како и секоја година се најдe свинското печено и подварокот.

Претседателот на Српското друштво „Коштана“ од Охрид , Сречко Стојановиќ, на сите православни верници им го честита големиот српски верски празник, посакувајќи уште многу години да се слави во добро здравје и расположение.

Празникот Свети Сава е од големо значење за српската заедница. Овој светец е поважен од другите затоа што во историјата е првиот дипломат кој успеал да ја издвои од Византија и да ја направи самостојна православната црква позната како Печка патријаршија, вели Стојановиќ.

Во Охрид се евидентирани околу 700 припадници на српската заедница и 320 членови на здружението „ Коштана“ .

OhridNews