Со пригодна свеченост, што ќе се одржи на 27-ми јануари, среда, во ресторанот „Белведере“ со почеток во 13 часот, српската заедница во Охрид, ќе го одбележи празникот Св. Сава.
На свеченоста што ја организира Здружението на србите од Охрид „Коштана“, ќе бидат доделени благодарници на поединци и институции за придонес во афирмација на активностите на здружението.
Покрај традиционалното сечење на славскиот колач, свеченоста беше збогатена и со пригодна програма што ја подготвуваат членовите на Српско – македонското друштво „Коштана“.
OhridNews