Со пригодна свеченост, српската заедница во Охрид, денеска, ќе го одбележи празникот Св. Сава.
На свеченоста што ја организира Здружението на србите од Охрид „Коштана“, ќе бидат доделени благодарници на поединци и институции за придонес во афирмација на активностите на здружението.