Српската заедница во Охрид, по седми пат со пригодна свеченост го одбележа православниот празник „Св. Сава“. Со богата трпеза низ оро и игра, православните Срби од градот на достоинствен начин му оддадоа чест на овој христијански светец.

Традиционалната манифестација се оддржа во ресторанот „Белведере“, а претседателот на Српското друштво „Коштана“ од Охрид , Сречко Стојановиќ, на сите православни верници им го честита големиот верски празник.

Посебна чест и задоволство ми е во мое име и во име на срспката заедница во Охрид, да им го честитам празникот „Св. Сава“, најголемиот српски верски празник, на сите оние кои денеска го прославуваат.“ – истакна Стојановиќ.

Овој празник за кој е карактеристично кршењето на традиционалната погача, со различни обичаи и ритуали се прославува не само во соседна Србија, туку ширум земјава.

Во различни градови, различно се прославува овој верски празник. Во Скопје, чествувањето беше во текот на вчерашниот ден. Во Битола се прославува неколку дена порано како светосрпски бал, а ние традиционално сите години го празнуваме како слава. На овој настан, покрај претставници на Друштвото „Коштана“, присуствуваат и нашите пријатели и роднини, кои имаат српско потекло.“ – додава Стојановиќ.

Како што објаснува Стојановиќ, спрската заедница во Охрид и земјава, ги ужива сите права и слободи кои ги имаат останатите заедници, а сголасно Законот, веќе седма година овој ден е прогласен за државен верски празник на територијата на Република Македонија.

Ние како Срби кои живееме во Македонија во однос на Српското друштво во Охрид, сметаме дека ги имаме сите права и почести, а државата не почитува како такви. Во ниту еден момент не сме се чувствувале поинаку, а не удостојуваат со присуство и претставници на локалната самоуправа.“ – објаснува Стојановиќ.

Веќе неколку години, Српското друштво „Коштана“ од Охрид, спроведува низа активности за промоција на српската култура и зачувување на обичаите.

Моментално сме побратимени со Здружението од Врање, а тука во Макеоднија соработуваме со останатите Здруженија кои ги покануваме на гости за време на празникот.“ – завршува Стојановиќ.

O.T.