Репрезентивецот на Србија, Филип Ѓоргевиќ успеа да ја засени победата на неговата селекција над Грција 2-0 во контролниот натпревар.


Тој прво одбил да влезе во игра од клупата, а веднаш потоа им соопштил дека повеќе не игра за репрезентацијата пренесува „Арена спорт“.

Пред дуелот со Данска српските медиуми пишуваа за репрезентативец-бунтовник во селекцијата, но немаа конкретни информации за кого станува збор.

Членот на римски Лацио за „орлите“ одигра 14 натпревари и постигна четири погодоци.

Мх.П.