Во манастирот Рождество на Пресвета Богородица – Калишта, утре, 20 јуни, во 18.00 часот ќе пристигне делегација на СПЦ предводена од Неговата Светост Српскиот Патријарх г.г. Порфириј, во чија чест ќе биде отслужена и Доксологија (Славословие), информира Дебарско – кичевската епархија.
Во вторник, 21 јуни, Српскиот Патријарх г.г. Порфириј, ќе го посети Храмот Св. Богородица – Перивлепта, Галеријата на икони како и другите цркви и културно историски споменици во Охрид и Манастирот Св.Наум Охридски, се наведува во соопштението.
OhridNews












