Одличните резултати на охридскиот прволигаш по водство на српскиот стратег Драган Антиќ не останаа не забележани од српските медиуми. Во дневните изданија на весниците “Новости“ и “Спорт“ во суперлативи се говори за успехот на “охридскиот“ стратег и мини револуцијата која ја направи со тимот покрај Охридското езеро.

Ова е само почеток, посакувам со охридскиот лигаш да играм во Европа – вели Антиќ.


Охрид пред доаѓањето на србинот на клупата имаше биланс од една победа, едно реми и три порази, во шестте средби во кои ги предводеше “рибарите“ постигна три победи, две ремија и еден пораз и тоа против Шкендија на гости.

Ohridnews