Поволното време и мирното небо над Охрид им овозможи одлични услови на параглајдеристите на Европското првенство. По лошиот старт српската експедиција го “обели“ образот со прецизно слетување на најискусниот учесник Зоран Петровиќ.


Од резултатот остварен при проследниот лет сум многу задоволен. Многу лошо го отворив Европското првенство, бев премногу нервозен, а малце фалеше и да колабирам за време на летот.  Јас веќе сум на залез на кариерата и очекувам некој од нашата селекција да освои индивидуален  медал, а нормално сите се бориме за екипен медал. Лошо стартувавме првиот ден но не се предаваме додека судијата не означи крај на натпреварувањето – потенцираше Петровиќ.


Предводникот на селекцијата на Србија, Петровиќ истакна дека Охрид е одлично место за параглајдеризам и ваков тип на натпреварувања.

–     Не доаѓам прв пат во Охрид, градот е премногу убав а граѓаните се љубезни и добри. Теренот ми е познат а времето и патеката се  одлични за летање, морам да бидам искрен вакви услови и терени нема секаде за параглајдеризам – заврши популарниот “Гуги“.


Европското првенство во параглајдеризам продолжува, а денеска на програмата е третиот ден од натпреварувањето.

Мх.П.