– Интерес има, но не како други години. Сепак не се жалиме. По неколку тури дневно правиме и најчесто тоа се гостите од Србија, но и од останатите странски земји. Најзаинтересирани се да ги повозиме до Канео, Куба Либре и Кадмо, но и до некоја од поблиските плажи како што се Инекс Горица или Парк, велат тие.
Цената која се наплаќа до Канео се движи од 200 до 300 денари, зависно од тоа колку луѓе се заинтересирани да се возат со кајчето. До плажата Куба Либре е 200 денари, до Парк 300, а до Инекс Горица изнесува 500 денари.
Се нудат и секојдневни крстарења по езерото со поголемите бродови. До комплексот Свети Наум има секојдневно редовна линија, а цената е 600 денари.











