Српските туристи не размислуваат предвреме да го напуштат Охрид
29.08.10 00:06
Немилиот инцидент во кој смртно настрада српски турист ги вознемири охриѓани и туристите кои престојуваат на ривиерата, од кои најбројни се српските. Сепат гостите од Србија велат дека не размуслуваат да го прекинат одморот и предвреме да се вратат дома, но жалат за трагачниот инцидент кој според нив ќе се одрази на туризмот во Охрид
Ова е лоша реклама за Охрид, кој како што гледам, има многу туристи. Слушнав дека во инцидентот се вмешани момци од Белград, но за жал морам да кажам дека вакви работи кај нас секојдневно се случуват и не е ништо ново. Не размислувам воопшто да го прекинам одморот, затоа што тука се чувствувам пријатно
, ни изјави една млада г-ца од Србија, со која поразговаравме на градскиот кеј.
Друг турист од Србија вели: Јас лично се чувствувам безбедно тука. Никој ништо лошо ми нема направено, луѓето се гостопримливи секаде каде што одам. Бев во Свети Наум, во стариот дел на градот, по клубови, дискотеки и немав никаков проблем. Воопшто не размислувам по инцидентот што се случи да си заминам.
Вознемиреност по трагичниот настан постои, ни изјави еден млад човек од Србија, кој исто така летниот одмор го минува во Охрид: Ова е страшно, немам зборови. Вака во Европа не одиме. Мислам дека инцидентот ќе влијае врз туризмот во Охрид. Еве денеска телефонски ме побара мајка ми и ми кажа да внимавам каде излегувам и со кого. Сепак и тој вели дека нема намера предвреме да си оди од Охрид.
Инцидентот го осудија и македонските туристи. Револтиран сум, а од разговорите со локалните жители заклучив дека револт има и кај нив. Стравувам дека односите со Србија ќе се расипат и дека овој немил настан лошо ќе се одрази на туризмот, ни изјави гостинот од Македонија.
Подобрување на квалитетот на времето на старите лица, намалување на осаменоста и социјалната изолација, поттикнување на физичката и менталната активност, зачувување и развивање на индивидуалните сп...
Вработените во фабриката „Костал“ постапуваат согласно плановите во услови на случен земјотрес и пожар, а исполнети се и очекувањата за брза и навремена интервенција на службите кои се надлежни во ...
На 30092026 во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 47-годишно лице, два...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.