Капитенот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик поради проблеми со срцето ги пропушти сите мечеви кои „црвените ѓаволи“ ги одиграа последниве два месеци. Долго време се шпекулираше со неговата повреда, а точка на се` стави лично Карик со официјално соопштение.

– Сакам целосно да ја разјаснам мојата ситуација, бидејќи навивачите и сите околу Манчестер Јунајтед прашуваат за мене. На мечот со Бартон во септември се чувствував многу чудно и мораше да откриеме од каде доаѓа тоа. Подлегнав на тестирања на срцето и откривме дека нешто не е во ред и дека ќе мора да паузирам. По терапија од месец и половина оздравев и се приклучив на екипата на првичните тренинзи. – стои во соопштениет од Карик.

36-годишниот фудбалер на Олд Трафорд се пресели далечната 2006 година од тимот на Тотенхем и стана важна алка во екипата која ја покори Европа 2008 година. Интересно, Карик е единствениот фудбалер кој е се` уште во клубот од таа екипа, откако Вејн Руни замина и се пресели во Евертон.

Карик важечки договор со „црвените ѓаволи“ има до крајот на оваа сезона и се` уште никоја од двете страни се нема изјаснато што и како понатаму.

OhridNews