Како што информираат од министерството за здравство, од идната година во Македонија ќе  почне да се воведува Програма за борба против кардиоваскуларни заболувања, која ќе содржи повеќе активности, со што се очекува намалување за 20 отсто на стапката на морталитет.

Според податоците на министерството, кардиоваскуларните заболувања се причина број еден за смртност во Македонија. Од 19 илјади смртни случаи, над 11 илјади се од овие кардиоваскуларни заболувања или околу 59,2 %.

Програмата ја има изработено Институтот за јавно здравје, а се очекува  да биде донесена 2013 година, во која акцентот ќе биде ставен на промоција на здравје, здрави навики, здрава исхрана, физичка активност.

Деновиве, во повеќе градови низ земјава со низа активности се одбележува Светскиот ден на срцето под мотото „Еден свет, еден дом, едно срце.“

OhridNews