Екипи на општинските Јавни претпријатија во соработка со „Завод и музеј“ од Охрид продложија со уредување на просторот пред летната сцена „Долни сарај“. Во текот на денешниот ден, во рамки на активностите за уредување, бил срушен ѕидот на влезот од сцената и се работело на негово расчистување. На ова место во наредниот период ќе биде изграден нов ѕид и ќе се постави нова ограда.
По санација на проблемите кои постоеја со старата инсталација, ЈП „Нискоградба“ започна со подготовка на теренот за поплочување со бехатон плочки. Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ започна со расчистување на сметот и со подготовка на просторот за хортикултурно уредување.
Градежните активности забрзано продолжуваат и во наредните денови со цел сцената да биде уредена пред почетокот на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.
OhridNews