Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во иднина ќе учествува во подготвителните седници на Регулаторната комисија за енергетика, која е надлежна за корекција на цените на енергенсите.

ССМ претходно ќе ги добива и сите барања од компаниите за менување на цените на енергенсите, со што ќе има можност да настапи со свои ставови и предлози.

Ваков договорот се постигна на денешниот состанок меѓу Сојузот на синдикатите на Македонија и Регулаторната комисија за енергетика, кој што се одржа на барање на ССМ, поради последните поскапување на цената на топлинската енергија.

OhridNews