Како што беше потенцирано од страна на општинскиот огранок на ССМ, целта на формирањето на ваквите совети е да се воспостави социјален дијалог на локално ниво во 2013, да се воспостави и развие социјалниот дијалог меѓу социјалните партнери и да се усогласат различните ставови и интереси на локално ниво, што е клучен сегмент за одржување на дијалогот помеѓу јавниот и приватниот сектор.
Кампањата ќе трае во текот на целата година, а предвидено е советите да имаат консултативно- советодавна улога.